Samsung објави кратко промо-видео за Galaxy Note10

од Vlatko K
118 прегледи

Сметката на Samsung Indonesia на Twitter сподели краток видео клип поврзан со настанот Galaxy
Unpacked, на кој ќе биде претставен новиот предводник на компанијата – Galaxy Note10.


Од него можеме да видиме дека Корејците ќе го постават својот нов паметен телефон како замена
за голем број други уреди. Тој е прикажан дека работи како десктоп компјутер преку
функционалноста DeX, а во движење може да е алтернатива на лаптопо

Потсетуваме дека голем број клипови со неговиот претходник Galaxy Note9 го ставаа исто во офис
средина. Сепак, беа нагласени и други функции како што се камерата, перформансите при гејминг,
отпорност на вода итн.

Се разбира, ова е само првото вакво видео, а моделот се уште не е претставен, што ги ограничува
можностите за споделување на информации.

Очекуваме акцент во новата серија да е главната камера, која може да вклучува конфигурација
слична или дури идентична со онаа кај Galaxy S10 5G и да располага со четири сензори, иако има
спротивставени гласини во овој поглед.