Самсунг повторно има пад на продажбата

од desk2
109 прегледи

Самсунг во третиот квартал забележа пад на продажбата на паметни телефони за 13,3 отсто во споредба со истиот период минатата година, а Хјуавеи значителен раст од над 30 отсто, покажува извештајот на аналитичката фирма Strategy Analytics.

Самсунг во третиот квартал испорачал 72,3 милиони телефони, што е 13,3% помалку во однос на истиот период минатата година, кога се испорачани 83,4 милиони телефони.

Хјуавеи нема такви проблеми, бидејќи во текот на третиот квартал испорачал 51,8 милиони уреди, што претставува зголемување за 32,5% во споредба со минатата година.

Ејпл има благо зголемување на бројот на продадени телефони, и во третиот квартал се испорачани 46,9 милиони уреди, што е 0,4% повеќе од минатата година.