„Самсунг“ првпат ќе користи кинеска оптика во своите телефони

од Vladimir Zorba
95 прегледи

  „Самсунг“ користи оптика од кинескиот производител „Сани Оптикал“ за новиот телефон Галакси Ес9, пишува корејското издание на „ЕТЊуз“. Ова е првпат компанијата да се обрати на кинески снабдувачи за компоненти за свој апарат.

Истовремено, одлуката на „Самсунг“, исто така, го покажува и порастот на кинеските производители, кои пред неколку години имаа проблем со задоволување на високите технолошки барања.

Според корејското издание, „Сани Оптикал“ ги испорачува леќите за предната камера на Галакси Ес9. Компанијата е најголемиот производител на оптички производи во Кина и нуди леќи, модули за фотоапарати, микроскопи и опрема за мерење.

Досега, сепак, производите на „Сани Оптикал“ се користени само во паметните телефони ниските и средните цени на „Самсунг“