Гејмерските смартфони за игри се очигледно еден од сегашните модни трендови кај производителите на мобилни уреди. Освен минатогодишниот модел на Razer во последните месеци такви уреди беа претставени од Asus, Nubia и Xiaomi.

Според неодамнешните гласини, Samsung исто така работи на сопствен модел. Во моментов нема повеќе информации околу телефонот, но секако може да се очекува процесор од калибар на Snapdragon 845 и дисплеј со висока фреквенција на освежување.
Информациите се на корисник на Twitter, кој во минатото има висок степен на погодоци и додава уште дека смартфонот на преклопување на Samsung нема да се вика Galaxy X. Тоа пак значи дека токму овој бренд може да се користи за гејмерскиот модел.