Samsung започна со масовно производство на телефонот Galaxy Z Flip3

од Vladimir Zorba

На почетокот на овој месец, дознавме дека Samsung Galaxy Z Fold3 влезе во масовно производство, а сега новиот извештај сугерира дека започнато е и масовно производство за моделот Galaxy Z Flip3.

Извори на оваа информација тврдат дека Samsung нарачал производство на 50 000 – 70 000 уреди Galaxy Z Fold3 и Galaxy Z Flip3 дневно, и дека во комбинација планира да произведе седум милиони од овие телефони и сака да биде навреме подготвен за нивно објавување.

Samsung не објави ништо официјално за моделите Galaxy Z Fold3 и Z Flip3, а гласините споменуваат дека јужнокорејската компанија ќе одржи презентација на 3 август, додека телефоните ќе бидат во продажба од 27 август.

Слични содржини