Сана Марин предупредува: „Русија не би застанала на Украина, мислам дека би тргнале и на Западен Балкан“

од Milan1
138 прегледи

Поранешната финска премиерка Сана Марин предупреди дека Русија на чело со Владимир Путин нема да застане на Украина доколку и се дозволи да продолжи со агресијата врз оваа суверена земја.

Говорејќи на настанот „Brand Finance“ во Лондон, Марин предупреди дека светот изгледа како многу опасно место, особено во контекст на неодамнешните настани.

„Ако не го запреме Путин во Украина, ако не и помогнеме на Украина, ќе видиме поширока и поголема агресија од Путин и Русија. Мислам дека Русија не би застанала на Украина. Мислам дека тие потоа би отишле во Молдавија, а можеби и во Западен Балкан, а потоа дури и во земјите на НАТО“, рече Марин.

Таа ги коментираше и последните постапки на американскиот претседател Доналд Трамп.

„Сега гледаме свет во кој не само Путин и Русија, туку, за жал, нашите поранешни доверливи сојузници во САД го креваат својот глас. Доналд Трамп кажува работи кои се без преседан кога се во прашање лидерите на слободниот свет. Од перспектива на помала нација, оваа иднина во која само силата и моќта, бруталната, цврста моќ, ја диктираат нашата иднина е застрашувачка“, рече Марин.

Слични содржини