146
Премиерката на Финска во заминување, Сана Марин, денеска соопшти дека се повлекува од функцијата лидер на Социјалдемократската партија и дека својата политичка кариера ќе ја продолжи како пратеник во новоизбраниот парламент.
„Ќе почнам да служам како член на парламентот следната недела и се надевам дека тоа ќе ми овозможи помирен живот“, изјави Марин на прес-конференција, додавајќи дека нема да се кандидира за претседател на државата, пренесува „Ројтерс“.
Поранешната премиерка на Финска изјавила и дека не добила понуди за работа во меѓународни организации.