Санчез оди во ПСЖ или Милан

од Vladimir Zorba
271 прегледи

Играчот од средниот ред на Лил, Ренато Санчез ќе се пресели или во Пари Сен Жермен или во Милан. Ова го соопшти претседателот на неговиот клуб, Оливие Летанг во врска со трансфер шпекулациите околу португалскиот интернационалец.

„Ренато ќе не напушти летово. За него пристигнаа две понуди. Или ќе оди во ПСЖ или во Милан и мора да донесе одлука. Сепак, да разјасниме дека засега немаме договор со ниту еден од клубовите“, изјави газдата на Лил.

Клубот веќе одбил понуда од парижаните вредна 12 милиони евра.

Слични содржини