Санчез пристигна во Киев: Членството на Украина во ЕУ ќе биде апсолутен приоритет

од Nikola Popovski
294 прегледи

Шпанскиот премиер Педро Санчез, кој е во официјална посета на Украина, изјави денеска во Киев „дека Европската унија е решена да и помогне во борбата против руската агресија и наведe дека кандидатурата на Украина за членство во ЕУ е „приоритет“ на шпанското претседателство со ЕУ.

Санчез одржа говор во украинскиот парламент каде рече: „Ќе бидеме со вас онолку долго колку што е потребно“.

„Тука сум да ја изразам цврстата решеност на ЕУ и Европа против нелегалната и неоправдана руска агресија врз Украина“, рече тој на денот кога Шпанија го презеде претседавањето со ЕУ од Шведска.

„Ова е војна на агресија – со агресор и жртва. Тие не можат да бидат третирани подеднакво и игнорирањето на правилата не треба да се наградува на кој било начин. Затоа го поддржуваме мировниот план на Зеленски“, рече премиерот на Шпанија.

Осврнувајќи се на можноста за мировни преговори, шпанскиот лидер рече дека „само Украина може да ги одреди условите и времето“ за тоа, а „другите земји и региони предлагаат мировни планови“. Нивното учество е високо ценето, но, во исто време, не можеме целосно да ги прифатиме“, пишува Бета.

Зеленски му се заблагодари на Санчез за посетата на Киев додека Шпанија го презема претседавањето со ЕУ, нарекувајќи ја неговата посета „исклучително симболична“.

„Ви благодариме за важната посета и поддршката за нашиот народ! Од исклучително симболично значење е оваа посета да дојде на првиот ден од шпанското претседателство со ЕУ“, напиша Зеленски на социјалните мрежи, пренесува АФП.

Слични содржини