Санчез во недела доаѓа во Скопје

од Берта Китинска

Во недела премиерот на Кралството Шпанија, Педро Санчез Перез-Кастехон ќе пристигне во еднодневна официјална посета на нашата земја, информираат од Владата.

Санчез е на турнеја во посета на Западен Балкан со надеж дека ќе го „реактивира, заживи и ревитализира процесот на проширување“ на ЕУ кон овој регион.

На состанокот на лидерите на ЕУ на крајот на јуни во Брисел, Санчез се заложи за повторно активирање, заживување и ревитализација на процесот на проширување.

Слични содржини