Санчез заминува од Интер, заинтересирани се четири клуба

од Vladimir Zorba
171 прегледи

Чилеанскиот напаѓач Алексис Санчез на лето го напушта Интер. Договорот на 35-годишниот фудбалер истекува и нема да биде обновен, пишува новинарот Уриел Лугт.

Санчез потпиша со „нероазурите“ минатото лето на слободен трансфер од Олимпик Марсеј, а ова беше негов втор претстој на „Џузепе Меаца“.

Интерес за напаѓачот има од неговиот поранешен клуб Удинезе. И турскиот гигант Галатасарај ја следи ситуацијата околу јужноамериканецот.

Во последните неколку дена Ривер Плата и Фламенго остварија контакт со претставниците на Санчез.

Оваа сезона Алексис Санчез има 29 настапи, 4 гола и 4 асистенции за Интер.

Слични содржини