Санчо назад на „Олд Трафорд“: Челси го врати во Јунајтед и им даде 6 милиони евра

од Vladimir Zorba
17 прегледи

Англискиот фудбалер Џејдон Санчо се врати во Манчестер Јунајтед откако Челси не сакаше да го откупи неговиот договор.

Санчо дојде во Челси на позајмица од Манчестер Јунајтед пред почетокот на сезоната.

Челси не ја плати позајмицата, а беше договорено да му даваат половина од неговата плата, што е 1,4 милиони евра месечно.

Исто така, договорот за позајмица вклучуваше откупна клаузула од 30 милиони евра доколку Челси ја заврши сезоната на 14-то место во Премиер лигата или подобро. Бидејќи Челси го исполни ова, мораше да го купи, но Санчо бараше Челси да му ја дава истата плата што ја имаше во Јунајтед, на што „сините“ не се согласија.

Имено, најдобриот играч на Челси, Кол Палмер, има речиси три пати помал приход од тоа, а сопственикот на лондонскиот клуб Тод Боли се согласи да плати казна за непочитување на договорот со Јунајтед.

Значи, „сините“ ќе мора да му платат на Јунајтед дополнителни 6 милиони за да го вратат Санчо, а со оглед на тоа што Рубен Аморим не смета на него, неговиот менаџер ќе мора да му најде нов клуб кој ќе биде спремен да му ја понуди бараната плата.

Слични содржини