Санчо сака да се врати во Дортмунд, се согласи на намалување на платата од 16 на 8 милиони евра

од Vladimir Zorba
8 прегледи

Англискиот фудбалер Џејдон Санчо (25) е на прагот да се врати во Борусија Дортмунд откако изминатите четири години во Англија воопшто не му одговараа.

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, не смета на Санчо, кој минатата сезона беше на позајмица во Челси, и тој изрази желба да се врати во Борусија од која замина во 2021 година за 85 милиони евра.

Санчо постигна 53 гола со 67 асистенции за четири сезони во дресот на Борусија, додека во дресот на Јунајтед и Челси за истиот временски период, имаше вкупен учинок од само 17 гола и 16 асистенции.

Неговиот договор со Јунајтед истекува во јуни следната година, а Јунајтед го продава за само 15 милиони евра.

Јувентус беше првиот што се согласи на таа сума, но се откажа кога Санчо им кажа дека сака плата слична на онаа што моментално ја заработува во Јунајтед, што е 16 милиони евра годишно.

Сепак, Санчо им кажал на своите менаџери дека ќе прифати половина од понудената сума од Борусија, само за да се врати во клубот со кој имал најголем успех и играл најдобар фудбал во кариерата.

Доколку челниците на Борусија се согласат на тоа, Санчо ќе биде најплатениот играч во тимот, заедно со капитенот Емре Џан.

Слични содржини