Санционирани 57 возачи во Битола

од Radmila Tasevska
189 прегледи

Битолската полиција денеска во времето од 10:00 – 14:00 на територијата на СВР Битола спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 57 возачи.

Како што соопшти МВР, од нив 42 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 15 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Од МВР најавуваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за зголемена безбедност во сообраќајот и заеднички придонес за посигурни патишта.

Слични содржини