Сандерс го предупреди Бајден: Не ги исклучувај прогресивците

од Vladimir Zorba

Американскиот сенатор од Вермонт и член на Демократската партија, Берни Сандерс предупреди дека новоизбраниот претседател Џо Бајден ќе го почувствува гневот на политичката левица доколку ги исклучи прогресивците од важните позиции во неговата администрација.

„Ми се чини прилично јасно дека прогресивните ставови мора да бидат изразени во рамките на администрацијата на Бајден“, изјави сенаторот од Вермонт за Асошиејтед Прес, како што објави „Њујорк Пост“.

„Би било крајно навредливо, на пример, Бајден да состави „ривалски тим“ – и постои одредена дебата дека тоа е она што тој има намера да го стори – што може да вклучува републиканци и конзервативни демократи – но ќе ја игнорира прогресивната заедница. Мислам дека тоа ќе биде многу, многу несреќна одлука“, рече Сандерс.

Предупредувањето на Сандерс доаѓа во време кога се зголемуваат шпекулациите дека сенаторот од Вермонт и неговата колешка, прогресивна сенаторка од Масачусетс, Елизабет Ворен, можат да бидат протерани од највисоките редови на администрацијата на Бајден.

Преодниот тим на Бајден одби јавно да коментира за Сандерс или Ворен.

Новоизбраниот претседател на Соединетите држави мора да ги балансира конкурентските барања – вклучувајќи го и фактот дека за неговите назначувања е потребна поддршка од Сенатот, кој веројатно ќе го водат републиканците. Републиканските пратеници ќе бидат помалку склони да ја потврдат номинацијата на крајната левица.

Демократската конгресменка Александрија Окасио Кортез и нејзината левичарска мрежа исто така вршат притисок врз Бајден да усвои прогресивна политика како што е „Зелениот нов договор“ и Бајден да направи прогресивни назначувања. Тие веќе критикуваа некои од раните ангажмани на Бајден.

Патем, Бајден ќе биде првиот демократски претседател кој ќе се обиде да воспостави администрација за првиот мандат, без неговата партија да го контролира Сенатот.

Слични содржини