Сандерс негираше дека е загрижен за кампањата на Бајден

од Vladimir Zorba

Американскиот сенатор од Вермонт и член на Демократската партија, Берни Сандерс, денес ги отфрли тврдењата изнесени во „Вашингтон пост“, дека е загрижен за кампањата на претседателскиот кандидат на демократите, Џо Бајден.

Сандерс беше јасен и рече дека она што го мисли приватно, го мисли и јавно.

„Мислам дека Бајден е во одлична позиција да победи на претстојните претседателски избори, но ние треба да работиме понатаму во кампањата“, рече сенаторот од Вермонт.

Во статија објавена од „Вашингтон пост“ во саботата, новинарите објавија дека Сандерс им рекол на своите соработници дека Бајден може да загуби од Трамп, доколку продолжи да води ваква кампања.

„Трамп е катастрофа. Мислам дека повеќето луѓе го знаат тоа, но мора да им дадеме на луѓето причина да гласаат за Бајден“, рече Сандерс во едно интервју.

Слични содржини