SanDisk објави една од првите microSD картички со капацитет од 1TB

од Vlatko K
86 прегледи

Една од првите во светот microSDXC картички во светот со капацитет од 1TB, дел од серијата
SanDisk Extreme, беше објавена преку веб-страницата на компанијата и Amazon.


Како што веројатно претпоставувате дека цената на уредот е доста висока – 400 долари. За
споредба, верзијата од 512GB чини 200 долари.

Новата картичка со висок капацитет има доживотна гаранција, отпорност на вода и удари.
Брзината за читање и запишување на датотеки е до 160 и 90 мегабајти во секунда соодветно и ги
исполнува стандардите UHS Class 3 (U3).