Саниран дефектот што го остави Тетово два дена без вода

од desk2
7 прегледи

По два дена работење, екипите на Јавното комунално претпријатие „Шар“ од Тетово конечно го санирале дефектот што го остави Тетово два дена без вода.

Како што соопшти претпријатието рано попладнево, успешно е саниран дефектот на старата водоводна линија F400, па водоснабдувањето во градот е целосно нормализирано и повторно достигнува капацитет од 400 литри во секунда.

„Им се извинуваме на граѓаните за непријатностите предизвикани за време на прекинот и ви благодариме за трпението и разбирањето што го покажавте во овој период. Посебна благодарност упатуваме до нашите екипи, кои, и покрај високите температури и тешките услови, вложија максимални напори за брзо и ефикасно решавање на проблемот“, се вели во известувањето за граѓаните.

Слични содржини