Санкции за 135 возачи во Скопје, 15 возеле во алкохолизирана состојба

од Nikola Popovski
107 прегледи

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (05.02.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 135 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 58 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 15 санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се четири мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, седум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, бараат од МВР.