241
Во текот на јуни годинава во спроведени засилени акциски контроли на територијата на државава за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, биле санкционирани 1655 возачи, известуваат од МВР.
-Од нив, 999 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 389 возеле без возачка дозвола, 49 мотоцикли биле одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава и друго, соопштуваат од полицијата.
Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.