При засилена акциска контрола контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол спроведена од 22 часот до 4 часот наутро во текот на изминатата вечер на цела територија на државата санкционирани се 178 возачи кои возеле под дејство на алкохол, соопшти Министерството за внатрешни работи.
– Од нив 60 на територија на СВР Скопје, 27 на територија на СВР Струмица, 18 на територија на СВР Куманово. За време на контролата биле санкционирани и 185 други видови на прекршоци, информираат од МВР.
Оттаму велат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.