Четвртфиналниот натпревар на Европското првенство во фудбал, закажан за петок, 2 јули, во Санкт Петербург, ќе се игра во тој град и покрај рекордниот број на новозаразени и смртни случаи со Ковид-19, кој беше забележан во изминатите 24 часа , потврдија во понеделникот од организацијата на натпреварот за агенцијата „АФП“.
Четвртфиналната двојка што ќе игра за место во полуфиналето во Санкт Петербург ќе бидат победничките екипи од дуелот од осминафиналето во кој ќе се сретнат Хрватска – Шпанија и Франција – Швајцарија.
„Четвртфиналето ќе се игра според планираното“, објави прес-службата на Организациониот комитет на ЕП 2020.
Портпарол на УЕФА за „AФП“ изјави дека здравствената состојба на Русија „не менува ништо во тимот“ и дека европската фудбалска централа „не планира да ја смени локацијата на натпреварот“.
Во Санкт Петербург 1.335 лица биле заразени со коронавирус во последните 24 часа, а во Русија починале 611 лица од Ковид-19.