Санкции за 105 возачи во Скопје, 6 од нив возеле под дејство на алкохол

од Nikola Popovski
115 прегледи

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден (14.02.) продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

„Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 105 мерки, од кои 13 за возење без возачка дозвола, 6 за управување под дејство на алкохол, 11 мерки за нерегистрирани и технички неисправни возила, 2 за поминување на затворен семафор (црвено светло), 7 мерки за користење на мобилен телефон, 4 за некористење на сигурносен појас и 8 санкции за непрописно паркирање“, велат од полицијата.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Слични содржини