Санкции за 123 возачи во Куманово

од Nikola Popovski
243 прегледи

МВР соопшти дека денеска во периодот од 09 до 16 часот на подрачјето на Куманово спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната, при што казнети се 123 возачи.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од полицијата.

Слични содржини