Санкции за 238 возачи во Скопје, 43 возеле пијани

од Nikola Popovski
316 прегледи

Министерството за внатрешни работи во текот на 13.02.2022 на територија на град Скопје изрече вкупно 238 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 62 санкции, 43 мерки за возење под дејство на алкохол, 24 мерки за прекршоци што ги прават пешаците.

-Изречени се 26 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за нерегистрирани возила, 10 мерки за некористење сигурносен појас, седум санкции за недавање првенство на минување на пешаци, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за прекршоци што ги прават мотоциклите.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопштија од МВР.