Санкции за 399 возачи, 10 мотоцикли одземени

од Nikola Popovski
274 прегледи

Во периодот од 23.05.2022 до 29.05.2022 спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 399 возачи.

Од нив, 259 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 72 возеле без возачка дозвола, седум возеле под дејство на алкохол, 10 мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.