МВР информира дека во текот на денешниот ден полициски службеници спровеле акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци на возила со кои се врши јавен превоз на патници, при што санкционирани се 41 возило.
-Од нив, 16 поради неисправен уред за запирање, 14 поради неисправен уред за управување, како и други видови неисправности. Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, соопштија од полицијата.