Санкции за 51 возач за пречекорување на брзината

од desk4
117 прегледи

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе зајакнати контроли со цел санкционирање на прекршоците на учесниците во сообраќајот. Утврдено е дека 51 возач ја пречекориле брзината, а биле изречени и шест мерки за непрописно престигнување. Откриени се и 17 прекршоци што ги направиле мотоциклисти.

Вчера во периодот од 6:00 до 24:00 часот спроведена е контрола на брзина на движење на моторни возила и притоа е утврдено дека 51 возач ја пречекориле брзината во населено место и тие се соодветно санкционирани. Откриени се и 59 останати прекршоци, кои исто така соодветно се санкционирани.

Во периодот од 19:00 до 01:00 часот ноќеска била спроведена контрола за прекршоци што ги чинат возачи на мотори и при тоа биле откриени 17 прекршоци, кои се соодветно санкционирани. Исто така биле откриени уште 51 останати прекршоци.

Вчера во периодот од 15:00 до 20:00 часот била спроведена контрола за непрописно престигнување, при што преземени се шест мерки. Откриени се и 13 останати прекршоци. е