Санкции за сопственици на локали во Карпош и Аеродром, приведени и гости

од Stefanija Kuzmanovska
310 прегледи

Угостителски објекти во Карпош и Аеродром вчера биле затекнати дeка работат по дозволеното време.

Од полицијата информираат дека во угостителскиот објект во Аеродром, и покрај забраната, присутни биле шест гости, а од нив двајца се приведени бидејќи не сакале да го напуштат локалот кога тоа го побарале полициските службеници.

Приведена е и Л.М. (55), одговорно лице во објектот, информираат од МВР.

Гости имало и во угостителскиот објект кој работел по 18 часот во Карпош, а е во сопственост на И.Ч.(26) од Скопје.

Објектот е времено затворен, а по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информираат од полицијата.

Синоќа во временскиот период од 16:00 до 23:00 часот на подрачјето на СВР Скопје во соработка со ДПИ извршени се контроли во 270 угостителски објекти.

Слични содржини