254
Гитаристот Карлос Сантана колабираше на сцената за време на настап во Мичиген и итно беше пренесен во болница. Музичарот се опоравува и рече дека заборавил да се напие вода.
Карлос сега е добро и ќе ја продолжи турнејата, а неговото следно шоу е во Pine Knob Music Theatre во Кларксон, во близина на Детроит, пишува staradvertiser.com.
Инаку, својата состојба музичарот ја објави на својата Фејсбук страница.
– Само полека. Заборавив да јадам и да пијам вода, па дехидрирав и се онесвестив. Благослов и чуда за сите вас – напиша Карлос.
Сантана беше пуштен од болница во текот на ноќта.