На познат музичар му се слоши за време на концерт: Се онесвести на сцена (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Легендарниот гитарист Карлос Сантана (74) се онесвестил за време на настап во градот Кларксон, во државата Мичиген во Соединетите Американски Држави.

На социјалните мрежи веднаш почна да кружи клип од концертот.

Добрата вест е што гитаристот се освестил и им мавтал на обожавателите додека го изнесувале од сцената.

Концертот бил прекинат откако му се влошила здравствената состојба.

Сè уште нема официјални информации што се случило со Сантана, но медиумите потсетуваат дека минатата година гитаристот имаше операција на срцето, поради што беа откажани сите настапи во декември.

Слични содржини