Отсуството на Кристијано Роналдо од стартните 11 на Португалија против Шпанија е целосно од тактички причини, изјави селекторот на тимот Фернандо Сантош.
Тој објасни дека бил сигурен дека напаѓачот на Манчестер Јунајтед ќе завршел одлична работа како резерва.
Роналдо, водечки стрелец во историјата на португалската репрезентација, се појави во игра во 62. минута и не успеа да се запише во листата на стрелците. Наместо тоа, тоа го направи Рикардо Орта, кој израмни за конечни 1:1.
„Кристијано Роналдо? Често ме прашуваат зошто не е стартер. Станува збор за прашање од милион долари. Само решив дека играчите што ги користев ќе бидат покорисни за овој натпревар”, изјави Сантош на прес-конференцијата по натпреварот.
„Роналдо беше тактичка опција за овој натпревар и мислам дека тоа беше најдобрата одлука поради начинот на кој сакав да играм. Тоа нема апсолутно никаква врска со класата на Кристијано. Има моменти во фудбалот кога треба повеќе да размислите, верував дека можеше да влезе во овој меч во второто полувреме и да ни донесе победа“.