Сара Џесика Паркер: Нема да има трет дел од „Сексот и градот“

од Vladimir Zorba

За жал на фановите ширум светот, Сара Џесика Паркер објави официјално дека третиот филм “Сексот и градот” нема да биде реализиран. 52-годишната Паркер, која ја игра секс колумнистката Кери Бредшо во популарната телевизиска серија, што се претвори и во филмска франшиза, ги демантираше конечно гласините дека ќе има трет дел “Сексот и градот”.

“Заврши. Нема да го направиме”, соопшти актерката во интервју за списанието “Екстра”, разочарувајќи ги фановите кои се надеваа дека по 6-годишно отсуство од екранот, четирите атрактивни Њујоркчанки – Кери, Саманта, Миранда и Шарлот повторно ќе ја фасцинираат публиката со враќање. “Јас сум разочарана”, рече Паркер.

“Располагам со прекрасна, забавна, срцепарателна, весела и исклучително релевантна историја и сценарио кон неа. И разочарувачки е не што не можеме да ја раскажеме оваа приказна и да ја изживееме, туку дека не можеме да го исполниме барањето на публиката, која толку инсистираше за нов филм “. Сепак, причината за прекин на проектот не беше спомената.

Локално потсетува дека првиот филм “Сексот и градот” се појави во 2008 година, четири години по крајот на истоимениот серијал на HBO, кој беше еден од најголемите хит-шоуа на 90-тите години. Во 2010 година следеше вториот дел од филмот, потоа тишина. Минатата година, покрај негативната оценка на критичарите на вториот дел, веб-сајтот “Радар” издаде дека Сара Џесика Паркер, Ким Катрал, Кристин Дејвис и Синтија Никсон потпишале веќе договорот за третиот дел и се очекуваше снимањата да започнат ова лето.

Слични содржини