Сара Џесика Паркер вчера го посети Емпајер Стејт Билдинг во Њујорк, каде прослави 25 години од култната серија „Сексот и градот“, а во исто време ја промовираше втората сезона на „And just like that..“.
Како и секогаш, Сара беше на висина на задачата кога беше во прашање нејзината облека.
Комбинезонот моментално е апсолутен хит, а тоа не е изненадувачки бидејќи лесно се комбинираат, ја издолжуваат фигурата и даваат софистициран изглед.
Така Сара се одлучила за црн комбинезон украсен со бел лак со циркони, а поширокиот крој е идеален за нејзината фигура.
Сара преку комбинезонот облече бел џемпер, а во оваа комбинација одлично се вклопија црни чевли со бели реси.
Актерката ја врза косата во ниско опавче, па видливи се и дискретните обетки кои ги носеше.