Сарачини: Ние сме земја нападната со дезинформации од надворешни центри на моќ

од Vladimir Zorba
157 прегледи

Во гостување во емисијата „Студио 10“, на Телевизија 24, претседателот на Институтот за медиуми и аналитика ИМА, Петрит Сарачини укажа дека поплавата од дезинформации е светски феномен и опасност за демократијата и безбедноста на државата.

„Дезинформациите се ризик, и претставуваат опасност за демократијата, но и за безбедноста на државата кај нас. Гледаме дека било кој важен политички процес да се случува во земјава, е под удар на центри на пропаганда, центри на моќ кои сакаат да го насочат јавното мислење во одредена насока која што им одговара за да остварат некаква своја цел“, цитиран од СМК.

Според Сарачини, земјата е нападната со дезинформации и од надворешни центри на моќ.

„Ние сме како земја нападнати со дезинформации од надворешни центри на моќ, тоа треба да го кажеме отворено и јасно, чија цел е нарушување на стабилноста на државата, и оттргнување на државата од нејзиниот евро-атлански пат и од евро-интеграциите.“

Слични содржини