Сари ќе го замени Мурињо во Тотенхем?

од Nikola Popovski
346 прегледи

Откако го отпушти Жозе Мурињо, англискиот Тотенхем го контактирал Маурицио Сари (62), нудејќи му тренерска позиција од следната сезона.

Тотенхем разговарал за тоа со менаџерот на Сари, Фали Рамадани, објавија италијанските медиуми. До крајот на сезоната, Тотенхем ќе го води поранешниот играч за врска на Спарс, Рајан Мејсон, а Сари треба да седне на тренерската клупа на лето.

Во јуни 2019 година, Сари потпиша тригодишен договор со Јувентус. Иако го освои италијанскиот шампионат, поради испаѓање во осминафиналето од Лигата на шампионите од Лион во август минатата година, тој доби отказ.

Бидејќи Сари одби да го раскине спогодбено неговиот договор со Јувентус, тој е под договор со Јуве до јуни 2022 година, а торинскиот клуб ќе мора да му исплати плата од шест милиони евра доколку не најде нова работа до јуни.

Но, торинскиот клуб може да се ослободи од него доколку до крајот на април му исплати 2,5 милиони евра отштета, а Сари, според италијанските медиуми, едвај чека да се врати на тренерското место. Тој има искуство во англискиот фудбал, бидејќи го водеше Челси (2018-2019) една сезона.

Слични содржини