Сари одби да го преземе Нотингем Форест

од Vladimir Zorba
155 прегледи

Нотингем Форест му понуди на Маурицио Сари да го преземе тимот, но тој го одбил предлогот. Ова се случило пред две недели, кога Италијанецот го напушти Лацио, пренесува новинарот Алфредо Педула од „Спорт Италија“.

Англискиот клуб беше подготвен да го ангажира тренерот три години и со тоа да се раздели со сегашниот менаџер Нуно Еспирито Санто.

Во овој период и Нотингем беше санкциониран од Премиер лигата со повлекување на 4 бода поради прекршување на финансиските правила. Одделно, тимот освои само еден бод во последните пет натпревари.

Инаку, Сари има една премиерлигашка сезона како менаџер на Челси – во 2018/19 година.

Слични содржини