Екипата на Лацио победи со минимални 1:0 против екипата на Баерн (Минхен) во првиот 1/8-финален натпревар од Лигата на шампионите. По натпреварот, тренерот на „римските орли“ – Маурицио Сари сподели мислење дека победата можеше да биде уште поимпресивна.
„Во нас има задоволство, бидејќи победивме една од најсилните селекции во Европа, но и разочарување, бидејќи резултатот можеше да биде поголем. Ми се допадна компактноста и духот на тимот, се движевме со еден ум и тоа е важно. Знаевме дека ќе има тешки периоди, но и шанси кои ги искористивме. Решивме да го намалиме пресингот, но понекогаш нè пуштаа премногу длабоко. Баерн напаѓа со многу играчи и кога ќе ја загуби топката може да ни даде многу простор за контранапади“, прокоментира Сари.
Реваншот помеѓу Баварците и „орлите“ на германско тло е на 5 март (вторник).