Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари, не беше премногу незадоволен по поразот од Каљари (2:0) во 37-то коло од Серија „А“.
Ново-стариот шампион на Италија, кој има освоено девет последователни титули, пристигна во Сардинија без девет играчи, затоа што го одмора тимот за Лигата на шампионите и возвратниот натпревар од осминафиналето со Лион.
Сепак, новинарите беа најзаинтересирани зошто Кристијано Роналдо, најдобриот фудбалер на Јувентус, ги помина сите 90 минути на теренот.
– Разговарав со Кристијано пред натпреварот. Тој беше крајно мотивиран и сакаше да игра. Тој рече дека се чувствува добро. Заедно решивме дека ќе игра, тој го познава своето тело подобро од кој било друг. Роналдо е инстинктивен играч, тој не се вклопува во тактичките шеми. Тоа е неговата сила, но тоа исто така значи дека другиот напаѓач мора да се прилагоди на неговото движење, рече најстариот тренер кој го освои Скудетото во Серија А.
Патем, јасно е зошто Португалецот сака да биде на теренот по секоја цена, дури и кога ќе заврши шампионската трка.
Роналдо е познат како голем конкурент, а борбата за најдобар стрелец на Серија А во моментов е во тек, која ја предводи Чиро Имобиле од Лацио со 35 погодоци, втор е Кристијано кој постигна 31 гол.