236
Тренерот на Јувентус Маурицио Сари рече дека на ждрепката за осминафиналето од фудбалската Лига на шампиони, најмногу се плашеле од можноста да им се падне Реал Мадрид.
Јуве во осминафиналната рунда од ЛШ ќе има двобој со Лион, а им олеснало кога видоа дека нема го добијат најтешкиот можен противник во оваа фаза.
„Најголемиот страв ни беше соочување со Реал Мадрид, и го избегнавме тоа. Можеше да биде и многу полошо од Лион. Во секој случај, нема лесно противници. Засега не мислиме на ЛШ, фокусирани сме на мечевите во Серија А и на преодниот рок“ – рече Сари на прес-конференцјата пред утрешниот меч со Сампдорија.