Саркози осуден за мито и злоупотреба на моќ

од Берта Китинска

Поранешниот француски претседател Никола Саркози беше осуден за мито и злоупотреба на моќ.

Саркози беше осуден на три години затвор, две години условно.

Саркози беше обвинет дека со помош на неговиот правен советник во 2014 година се обидел да ги открие тајните поврзани со истрагата од службеникот на Касациониот суд, Гиблер Азибер, за одделна истрага за финансирање на кампањата.

За возврат, Саркози понуди поддршка на адвокатот при аплицирање за позицијата во Монако.

Обвинителството побара четири години затвор, иако две ќе бидат условени. Одбраната на Саркози побара тој да биде ослободен од обвинение.

Судењето беше спроведено и против адвокатот на Саркози, Тиери Ерог и Азибер.

Слични содржини