Саркози под истрага, осомничен за измама во изборната кампања во 2007 година

од Stefanija Kuzmanovska
191 прегледи

Поранешниот француски претседател Никола Саркози од денеска е под официјална истрага за наводно манипулирање со сведоци и за измама како дел од истрагата за финансирањето на неговата изборна кампања во 2007 година, објавија локалните медиуми.

Поранешниот претседател (2007-2012) беше обвинет за „влијание врз сведоци“ и „злосторничко здружување со цел да изврши кривично дело измама“.

Саркози е осомничен за учество во обиди лажно да се ослободи од обвинението во либискиот случај

АФП потсетува дека на крајот на 2020 година, француско-либанскиот посредник Зиад Такиедин ги повлече своите претходни изјави против Саркози за испорака на либиски средства во Франција за време на претседателската кампања во 2007 година.

Саркози е осомничен за учество во обиди лажно да се ослободи од обвинението во либискиот случај. Одлуката е донесена по околу триесет часа испрашување, кое траело вкупно три и пол дена, а го воделе двајца финансиски судии задолжени за судската истрага започната во мај 2021 година.

Саркози негира било каква вина

Судиите сметаат дека благодарение на оваа истрага имаат доволно сериозни и конзистентни докази за неговото учество во незаконски дејствија.

Саркози негира било каква вина.

Слични содржини