Саркози се враќа на обвинителната клупа

од Берта Китинска

Две недели откако беше осуден во аферата „прислушување“, поранешниот француски претседател Никола Саркози денес се враќа на обвинителна клупа поради прекумерно трошење пари за време на претседателската кампања во 2012 година.

Судот во Париз го прогласи Саркози за виновен за корупција и трговија со влијание на 1 март и го осуди на една година затвор и уште две години условна казна затвор. Саркози ја обжали пресудата.

Поранешниот претседател се соочува со една година затвор и 3.750 евра казна за нелегално финансирање на изборната кампања во афера со трошење пари.

Судењето е закажано за 15 април и заедно со Саркози се суди на друга група од 13 лица поврзани со таа афера.

Саркози, кој беше претседател од 2007 до 2012 година, се повлече од политичкиот живот во 2016 година, но сепак е многу популарен меѓу десничарите.Некои десничари веруваат дека тој може да биде можен кандидат на следните претседателски избори закажани за 2022 година.

Слични содржини