Поп-пејачот Саша Ковачевиќ изминатиов месец имаше здравствени проблеми поради кои се повлече од јавноста.
Во Ургентен центар бил примен на 20 мај, откако му била лоша крвната слика и почувствувал слабост.
– Саша изгледаше лошо кога дојде. Веднаш му го отвориле досието и го испратиле на распит. Врз него се направени детални анализи. Крвната слика не е одлична и лекарите разговараат дали ќе го задржат во болница за време на викендот или ќе се јави во понеделник – изјави тогаш изворот, а информацијата дека на пејачот не му е добро ја потврдија и неговиот ПР тим.
Неколку дена подоцна Ковачевиќ е пуштен од болница на домашно лекување.
– Саша повеќе не е во болница. Тој отиде дома со совет од лекар. Тој е фино и културно момче, сите имаат само пофални зборови, а и самиот призна дека не се грижи доволно за себе. Веруваме дека се ќе биде во најдобар ред и дека на прво место ќе се стави себеси – изјави тогаш близок пријател за српски „Курир“.
По еден месец напорна борба се огласи и Саша, кој им се заблагодари на сите лекари и фанови за грижата.
– Драги мои, по речиси еден месец отсуство, имам потреба да ви се обратам. Најпрво сакам да ви се заблагодарам за грижата и љубовта. Би сакал да упатам голема благодарност до Ургентниот и клинички центар кои се грижеа за мене сите овие денови. Жал ми е за сите концерти што не можеа да се случат, но одиме силно од јули. Подготвувам нови песни и добри работи, па наскоро ќе се дружиме – објави Саша на Инстаграм.
Колку што можеме да видиме на видеото, пејачот ослабел многу, претпоставуваме поради исхраната и борбата со здравјето.