Поранешниот шеф на македонската Управа за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков вчера бил приведен на аеродромот Никола Тесла во Белград поради пронајден пиштол во неговиот рачен багаж. Мијалков летал од Скопје за Загреб, а пиштолот бил пронајден во неговата торба во Белград, пишуваат српските медиуми.Нејасно како ги поминал контролите во Скопје!?

„Човекот беше мирен, не правеше проблеми кога му беше пронајдено оружјето. Тој се правдаше дека заборавил да го остави и дека на аеродромот во Скопје не го провериле, што на сите ни беше чудно“, изјавил анонимен извор за Курир.Особено е интересно и продолжението на написите во кои се тврди дека по приведувањето на Мијалков, бил обавен еден телефонски разговор , по кој Мијалков веднаш бил пуштен од српската полиција . Нема детали кој се јавил и која е таа личност на која и успева Мијалков не само на скопкскиот туку и на белградскиот аеродром да помине со оружје а да не заврши во притвор. По разговорот Мијалков бил пуштен да си оди а пиштолот му го задржале.
Мијалков „ѝ е особено интересен на српската безбедносна служба бидејќи токму таа, како што објавија медиумите, имала сомнеж дека Мијалков има активна улога во организирањето на терористичкиот напад во Куманово“, вели Курир. „По нападот под тој притисок поднесе оставка од функцијата директор на македонската Управа за безбедност и контраразузнавање. Поради сомневања во стекнатиот капитал, но и поради врските и влијанието што ги има, тој е под присмотра на странските агенции“, вели Курир.
Сашо Мијалков деновиве имаше и скандал со дипломатски пасош кој исто нелегално му беше издаден, па под притсок на јавноста му беше поништен Министерот на МВР Чавков немаше одоговор како и кој се јавил на а разрешениот Мијалков да му се издаде диломатски пасош под назнака експерт

Дипломатскиот пасош на Мијалков од денес поништен со печат
Екс шефот на УБК, веќе е во Скопје и даде изјава за прес 24 , во која вели дека го заборавил пиштолот и го потврдува апсењето.
Мијалков го потврдува настанот и вели дека при тргнување на пат земал торба која не ја проверил. Пиштолот во торбата бил откриен на ренген на белградскиот аеродром. За случајот Мијалков дал исказ и објаснување, по што пиштолот е задржан, а Мијалков го продолжил патувањето.
Во однос на останатите шпекулации Мијалков за истиот извор потврдува дека се работи за приватен пиштол, кој го поседува со дозвола и вели дека не поседува службено оружје од МВР, односно дека истото е раздолжено по завршувањето на функцијата.