Вечерва од Обвинителството за организиран криминал и корупција поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков беше спроведува во куќен притвор.
Обвинителката Вилма Рускоска на прес конференција истакна дека ќе размислат дали за Сашо Мијалков ќе се побара затворски притвор.
„Ќе размислиме дали да побараме затворски притвор. Цел ден беше бурен. Со колегите што го застапуваат ќе одлучиме, но сепак олеснителна околност е што сам се пријави“, истакна Рускоска.
Мијалков попладнево се појави пред Обвинителство за да го земе решението за куќен притвор, тој во изјавата дадена за медиумите се извини на целата јавност.
-Еве доаѓам во обвинителство откако дознав, вчера бев на жалост навистина болен со преку 40 температура и кога утрово дознав за ова што се случува решив да дојдам и да се јавам. Бев во изолација бидејќи имав симптоми на ковид 19.Се извинувам на целата македонска јавност на сега пак јавно ќе повторам јас никогаш нема да побегнам, изјави Мијалков.