Сателити снимиле непознати форми на покрив на реактор во централата Запорожје (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
406 прегледи

Две нови сателитски снимки покажуваат неидентификувани бели форми на врвот на реакторот 4 во нуклеарната централа Запорожје.

Сликите, направени од компанијата за сателитски снимки Planet Labs, се направени на 5 јули, еден ден откако украинскиот претседател Володимир Зеленски тврдеше дека можеби имало поставено експлозив во нуклеарната централа.

На најјасните снимки направени во 07:51 по локално време, видливи се пет бели форми. Втората слика направена во 10:16 покажува само три бели форми. На третата слика, која е направена неколку часа пред другите две фотографии, не се гледаат бели облици, а Planet Labs укажува дека сликата е направена во 05:27 часот наутро.

„Сега имаме информации од нашата разузнавачка служба дека руските војници поставиле предмети што личат на експлозив на покривот на неколку енергетски единици на нуклеарната централа Запорожје. Можеби за да се симулира напад на објектот. Можеби имаат друго сценарио“, рече Зеленски во вторникот.

Тој тврдеше дека наводните предмети биле поставени на врвот на реакторите три и четири.

Слични содржини