Сателитски снимки го открија најстрого чуваниот проект на Путин – Што носат Русите во Црното Море?

од Nikola Popovski
91 прегледи

Неодамна објавените сателитски снимки покажуваат дека Русија брза да изгради бродови што ќе го надминат ракетниот крстосувач Москва, предводник на Црноморската флота што беше уништен од Украина во раните денови на војната.

Украински „Defence Express“ објави сателитски снимки кои го покажуваат напредокот на Русија во изградбата на еден од двата јуришни бродови „Иван Рогов“ од класата „Проект 23900“. Наводно, таквите пловила можат да носат до 90 парчиња воена опрема, вклучително и 15 хеликоптери, пренесува „Newsweek“.

Уништувањето на ракетниот крстосувач „Москва“ беше непријатен удар за рускиот претседател Владимир Путин, а „Иван Рогов“ наводно е многу поголем. Тоа значи дека Русија има намера да го врати својот поморски кредибилитет по серијата загуби што ги претрпе Црноморската флота.

Да потсетиме дека „Москва“ потона откако Украина во 2022 година тврдеше дека го погодила тој брод со проектили и му нанела значителна штета. Русија ги отфрли тие тврдења и зборуваше за пожар на бродот што предизвикал експлозија на муницијата.

Врз основа на сателитски снимки, бродот од класата „Иван Рогов“ би можел да биде долг околу 220 метри и широк 40 метри. За споредба, бродот „Москва“ бил долг 186 метри.

„Defence Express“ ги спореди новите слики со оние од јули минатата година, кои беа објавени од истражувач на „OSINT“ на „X“.

– Во тоа време трупот на бродот само што почнуваше да се обликува, што значи дека Русите постигнале значителен напредок во овој проект за помалку од една година, пренесуваат Украинците и додаваат дека „Иван Рогов“ затоа би можел да ја надмине „Москва“ по големина и можности.

„Иван Рогов“ може да прими до 900 маринци и да управува со 75 парчиња борбена опрема, три помали авиони за слетување и 15 хеликоптери, пренесува „Newsweek“.

Слични содржини