Саудијците му нудат на Винисиус пет милијарди евра, а еве што друго ќе добие освен пари

од Vladimir Zorba
72 прегледи

Винисиус Жуниор (24) добил неверојатна понуда од Саудиска Арабија, јавуваат шпанските медиуми. Не се наведува за кој клуб станува збор, но Aouna тврди дека Винисиус Жуниор би имал невидена плата во светот на фудбалот.

Кристијано Роналдо (39) во Саудиски Ал-Наср има плата од 263 милиони евра годишно, што го прави најплатениот фудбалер во светот. Според „Footmercato“, Винисиус би добил петгодишен договор вреден милијарда евра по сезона.

Бразилецот би бил прашан и за спортската политика во новиот клуб, нешто како Килијан Мбапе во ПСЖ некогаш одамна. Винисиус би станал и заштитно лице на Светското првенство кое во 2034 година би требало да се одржи во Саудиска Арабија.

Бразилецот е во Реал од 2018 година. Тој одигра вкупно 279 натпревари и постигна 91 гол. Тој освои две ЛШ и три шампионати на Шпанија.

Минатата недела тој заврши на второто место во трката за „Златната топка“.

Слични содржини