Рома наскоро може да добие нови сопственици од Саудиска Арабија, пишуваат италијанските медиуми.
Според информациите на „Ла Република“, во вторникот во Ријад бил одржан состанок на кој учествувал шефот на правниот оддел на „џаларосите“ со можни саудиски инвеститори. Се разговарало на различни теми, вклучувајќи го и спонзорството, но разговорот продолжил да биде поконкретен.
Ерик Вилијамсон, десната рака на сопствениците на Рома, семејството Фридкин и член на одборот на директори на „волците“, долета од САД за да присуствува на состанокот, сугерирајќи дека се разговара за нешто поголемо.
Две различни групи се заинтересирани да ја купат Рома од Ден Фридкин – државниот Фонд за јавни инвестиции (ПИФ), кој веќе го поседува Њукасл, и приватниот инвеститор Турки Ал ал-Шеик, кој е советник на саудиското кралско семејство и претседател на General Entertainment Authority.
Во оваа фаза, Фридкин се надева дека ќе влезе во партнерство со една од двете саудиски групи, сакајќи да ја задржи контролата врз Рома, но и ПИФ и Ал-Шеик сакаат 100% од акциите на клубот, подготвувајќи понуди за околу 900 милиони евра плус 300 милиони евра поврзани со изградбата на новиот стадион.
Работите се уште се во рана фаза, но развој на настаните се очекува во наредните месеци.